Бошњаковски: Добро е што се поднесуваат оставки од морални причини
Им честитаме конечно на поединци во Македонија и добро е што дојде време да се поднесуваат оставки од морални причини. Тоа е добро, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, коментирајќи ги оставките во Антикорупциската комсиија.
Според Бошњаковски, треба да се почека да заврши целиот процес за да се види како ќе оди назначувањето на нови членови во Комисијата.
- Во однос на тоа како ќе продолжи, да почекаме да заврши тој процес и доколку се поднесе колективна оставка или во која било форма понатаму ќе видиме како се процесира назначување нови членови на ова регулаторно тело, рече Бошњаковски, одговарајќи на новинарски прашања.
По извештајот од внатрешната ревизија во Комисијата по кој уследија оставки на претседателот на ДКСК Игор Тантуровски и на членот на Комисијата Игор Тантуровски и Горан Миленков, денеска оставка поднесе и членот на оваа Комисија Жаклина Дамчевска.
Во извештајот се наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари.
За извештајот на ревизорите за Антикорупциска, истрага отвори Јавното обвинителство, а парламентарното мнозинство ги повика членовите да си поднесат оставки или ќе биде иницирано нивно разрешување во Собранието.
Ново на Сител
-
Потпишување договори за проекти за канализациона мрежа, водовод и програма за води со општините
-
Владата ќе откупи 9000 тони пченица од индивидуалните земјоделци за стоковите разерви
-
Во Струмица доделени 21 стан на семејства во социјален ризик
-
Се празнат училиштата
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓанските здруженија ќе прераснат во политички партии за да можат да учестуваат на локалните избори
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Пет активни пожари беснеат низ Македонија, други два се под контрола