Бошко Обрадовиќ продолжи со штрајк со глад и очекува СзС да биде во активен бојкот
Лидерот на Двери, Бошко Обадовиќ, откако ја мина ноќта во собраниската канцеларија изјави дека го продолжува штрајкот со глад на скалите пред српскиот Парламент.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Обрадовиќ побара „една исклучително разумна и конструктивна работа, а тоа е разговор помеѓу власта и опозицијата“, која, како што кажа, не може да биде организиран од претседателот на Српската напредна партија (претседателот на Р.Србија) Александар Вучиќ, затоа што тој за опозицијата веќе нема авторитет ниту може да му се верува.
Обрадовиќ побара тоа да биде неутрална личност, кој не е во политиката, за кого обете страни ќе се согласат дека може да ги покани на разговари, додавајќи дека во тој случај е подготвен во секој момент да одговори на поканата за разговор.
Според него, целта на разговорите би било одлагање на изборите за шест месеци, бидејќи за нив сега нема „ниту здравствени, ниту демократски услови“.
Обрадовиќ оцени дека очекува неговиот повик за активен бојкот на изборите да наиде на „позитивен“ одговор кај опозицијата, бидејќи „со седење дома и со молчење ништо не може да се измени“.
Исто така од вчера на другиот крај на скалите на влез во собранието штрајкуваат и пратениците на владеачката партија СНС Александар Мартиновиќ и Сандра Божиќ, кои бараат „обвинителството да реагира на фашистичките испади на Обрадовиќ“, мислејќи на инцидентот пред три дена и расправијата меѓу Обрадовиќ и Двери и пратеникот на СНС Марјан Ристичевиќ.
Истото барање го упати и првиот спикер на собранието Маја Гојковиќ, која оцени дека „штрајкот на Обрадовиќ е лошо режирана престава.
Ново на Сител
-
Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана
-
Утре променливо облачно со повремен дожд, температура до 25 степени
-
Израел во состојба на готовност: Илјадници војници се префрлија на север поради страв од одмазда на Хезболах
-
Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност
-
ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали
-
Пациент почина на Инфективна поради компликации од Западно-нилска треска
-
Македонија воздржана: Генералното собрание на ОН ја поддржа палестинската резолуција за ставање крај на израелската окупација
-
Три последователни земјотреси ја погодија Грција