Босанец лажно се претставувал како полицаец, ги запирал возачите и ги прашувал што пиеле
Мехо М.(29) од Босна и Херцеговина е осуден на условна казна од половина година затвор затоа што претставувајќи се дека е полицаец, запирал возачи кои ги идентификувал и ги прашувал дали нешто консумирале, пишуваат медиумите во регионот.
Општинскиот суд, постапувајќи по обвинението на Кантоналното обвинителство на Зеничко-добојскиот кантон го осуди за продолженото кривично дело лажно претставување.
Обвинет е дека минатата година ноќта меѓу 12 и 13 ноември прво се претставувал како полицаец на регионалниот пат Прњавор – Нови Шехер во градот Вуково.
Го запрел А.Ј. и се претставил како полициски службеник и од него побарал возачка дозвола и потврда за регистрација на возило и притоа пријавениот се обидел да изврши претрес на неговото „бмв“.
Полицаецот според написите, се упатил во правец на Тешањ, па на главниот пат Добој – Теслиќ повторно тргнал на „работа“.
Таму запрел автомобил управуван од М.Ј., по што се претставил како полициски службеник и од возачот побарал возачка дозвола и потврда за регистрација.
Потоа му се обратил:
„Дали пиевте нешто. Ајде, имам среќа што те познавам“, му кажал..
Збунетиот возач продолжил кон Добој.
Со овие дејствија пријавениот сторил продолжено кривично дело лажно претставување и му е изречена условна казна, а казната нема да му се изврши доколку во рок од две години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
Ново на Сител
-
Пред пратениците Предлогот за именување гувернер на Народната банка
-
Променливо облачно со сончеви периоди
-
Кражба во црквата “Св. Спас” во Сопиште, приведени двајца скопјани
-
САД повеќе не препорачуваат вакцини против Ковид-19 за бремени жени и здрави деца
-
Меџити: Таравари и Ахмети предвиделе се, но не и дека ќе го исфрлиме од ВЛЕН и од Владата
-
Критичарите на Ердоган се сомневаат во неговите намери за нов устав на Турција
-
САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Венецуела
-
Најмалку петмина загинати во големата експлозија во хемиска фабрика во источна Кина