Борисов: Се надевам дека следната година ќе пронајдеме заедничко решение
Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска изрази надеж дека следната година ќе се најде заедничко решение за продолжување на процесот на интеграција на Република Македонија во Европската Унија.
Борисов ова го кажа на седницата на бугарската Влада на која беше донесена одлука од секоја колична вакцини против Ковид – 19, која стигнува во таа држава, една одредена количина да биде наменета за нашите граѓани и тоа да биде во форма на донација. На седницата на покана на Борисов и бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов, присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче.
-Ова го правиме со чисто срце без никакви задкулисни намери, го правиме за нашите најблиски соседи. Се надевам дека следната година со Захарева и Каракачанов ќе пронајдеме заедничко решение за интегрирањето на Македонија во Европската Унија, како што ја поддржавме и за НАТО. Така што не се случи ништо страшно, прашање на политичка волја и од двете страну е да стигнеме дотаму, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната седница на бугарската Влада.
Борисов за оваа одлука информираше и на неговиот Фејсбук профил, каде напиша дека, Бугарија е подготвена за помогне со вакцини против Ковид-19, во регионот на Западен Балкан.
Тој на Фејсбук напиша дека на седницата присустувал и министерот Филипче, кој како што посочи Борисов, ја изразил благодарноста на Македонија за поддршката во овие тешки времиња.
Ново на Сител
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан
-
Калињак: Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност
-
Две лица го загубија животот, а пет се водат за исчезнати во судар на крузер и чамец на Дунав кај Будимпешта
-
Државјанин на Северна Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба во дом на Пелопонез
-
Пет лица загинаа, а најмалку 15 се ранети во рускиот напад врз областа Харков