Балкан
1. July 2022 - 11:49

Борисов повика Бугарија да го финализира францускиот предлог за Република Северна Македонија

Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер на Бугарија, Бојко Борисов кажа дека се надева на финализирање на договорот меѓу Бугарија и Македонија.

Борисов кажа дека прашањето за Македонија го разгледувала и Извршната комисија на неговата партија ГЕРБ.

„Им посакуваме успех на колегите во Софија да го финализираат предлогот за да може да кажеме дека француското претседателство направи многу“, кажа Борисов.