Loading Video...
Свет
15. April 2021 - 12:33

Борисов поднесе оставка

Бојко Борисов поднесе оставка од премиерската функција пред новоизбраното 45-то Национално собрание. Борисов не е присутен во салата на Националното собрание каде се одржува првата седница на новоизбраниот парламент.

На изборите на 4 април победи ГЕРБ владејачката партија на премиерот Бојко Борисов која освои 75 места во парламентот со 240 места.

Борисов вчера најави дека ќе го номинира Даниел Митов, поранешен министер за надворешни работи, во обидот да формира нова влада, откако претходно објави дека нема да биде кандидат за премиер на Бугарија.

- Многумина сакаат јас да бидам премиер, но отсекогаш сум сметал дека силата е во единството. Јас нема да бидам кандидат за премиер што ќе го предложи ГЕРБ, изјави Борисов.