Борисов: Нема да предлагаме влада и ќе го вратиме мандатот
На средба со новите пратеници од коалицијата ГЕРБ-СДС, поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов коментираше дека овој пат тие нема да предложат влада и ќе го вратат мандатот што претседателот Радев, според бугарскиот Устав, треба да им го даде како втора политичка партија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов смета дека доколку Бугарија стигне до ситуација оваа година да организира и трети парламентарни избори, таа ќе колабира. Тој искоментира дека партиите „Има таков народ“ и ДПС работат заедно, а пред извесно време ја обвини ДПС дека своите гласови ги прелева кон партијата на Слави Трифонов.
На состанокот со сите избрани пратеници од ГЕРБ-СДС, што беше пренесувана во живо на Фејсбук профилот на Борисов и на веб-страницата на партијата, стана јасно дека коалицијата ќе ја номинира Росица Кирова за заменик претседател на 46. Национално собрание.
Десислава Атанасова повторно ќе претседава со парламентарната група на ГЕРБ-СДС, а нејзини заменици ќе бидат Александар Ненков, Тома Биков и лидерот на УДФ Румен Христов.
Според Борисов, од првото заседание на парламентот ќе биде јасно дали ќе има влада, бидејќи индикатор ќе биде изборот на претседател на новоизбраниот бугарски Парламент.
Ново на Сител
-
Врховниот суд ги разгледа извештаите за работата на пониските судови
-
Исчезна 14 годишно девојче од Скопје
-
Ќе продолжи изградбата и реконструкцијата на повеќе театри, предвидени 123 775 000 денари
-
Ќе се набавуваат 120 еколошки автобуси, најголем дел за Скопје
-
Влада: Усвоена информација за изградба на нови објекти и за реконструкција на постојните објекти во културата и набавка на 120 еколошки автобуси
-
ЕСМ: Од денеска до 5 април минимални редукции на испораката на топлинска енергија во Скопје
-
Два нови случаи на Ковид-19 во државава
-
Поднесена иницијатива за смена на Перо Антиќ