Борисов: Негативен сум на Ковид-19, ќе се сретнам со Заев
Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека добил негативен тест на Ковид-19 и ќе може денеска да се сретне со македонскиот премиер Зоран Заев и заедно да претседаваат со Самитот за Западен Балкан на Берлинскиот процес.
– Негативен сум на Ковид-19. Тоа го покажа вториот последователен тест. Со согласност од здравствените власти можам да се сретнам со премиерот на Република Македонија Зоран Заев и да ја водиме Средбата на врвот на Берлинскиот процес, пишува Борисов на ФБ.
Борисов и Заев денеска ќе претседаваат со Самитот на Берлинскиот процес, кој заради пандемијата со Ковид-19 ќе се одржи преку видео конференциска врска. На Самитот ќе учествуваат германската канцеларка Ангела Меркел, на чија иницијатива започна и се спроведува Берлинскиот процес, претставник на Европската Комисија, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу и директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА Емир Џикиќ.
На пленарната сесија на Самитот се очекува да учествуваат лидерите на земјите од Западен Балкан, како и заменик-претседателот на Европската комисија Жозеп Борел и еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји.
Ново на Сител
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична