Борисов: Европската перспектива на Западен Балкан е приоритет за Бугарија
Евроатлантската перспектива на земјите од Западен Балкан и приоритетите на бугарското претседателство со Советот на ЕУ беа главните теми за време на состанокот помеѓу премиерот Бојко Борисов и швајцарската претседателка Дорис Лојтхард, соопшти прес-службата на кабинетот.
Бугарскиот премиер Борисов ја определил темата за европската перспектива на земјите од Западен Балкан како клучен приоритет во програмата на бугарското претседателство.
- Дебатата за иднината на Европа е поврзана со дебатата за европската интеграција на овие држави, нивното вклучување, стабилност, просперитет и почитување на вредностите на Заедницата. Затоа во календарот на бугарското претседателство е предвидена Самит меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан во мај 2018, истакна Борисов.
Според него швајцарските проекти во земјите од регионот можат да бидат многу корисни за економскиот развој и социјалната кохезија со земјите-членки и со земјите од Европската економска област.
Лојтхард изрази очекување дека Бугарија ќе биде отворен ротационен претседавач на Советот. Во разговорот биле разгледани и теми поврзани со иднината на обединета Европа, вклучувајќи проблемите предизвикани од миграциската криза и повлекувањето на Велика Британија од ЕУ.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море