Борис Трајанов со концерт ќе одбележи 30 години творештво
Националниот уметник на Македонија, баритонот Борис Трајанов утревечер во Македонската опера и балет ќе го одржи својот јубилеен концерт „На Македонија со љубов“, со кој ќе одбележи 30 години уметничка дејност.
На концертот ќе бидат изведени едни од нашите најубави традиционални љубовни и патриотски македонски народни песни. Во изборот се наоѓаат нашите бисери-„Сношти минав“, „Саноќ седам Трено“, „Си заљубив едно моме“, „Со маки сум се родил“, „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“... Публиката ќе има можност да го слушне и „Тешкото“ од балетот „Македонска повест“ на Глигор Смокварски.
Гости на концертот ќе бидат мецосопранот од Србија Јелена Влаховиќ, нашите првенци, сопранот Весна Гиновска-Илкова и тенорот Ѓорѓи Цуцковски.
Специјално за овој концерт се подготвени нови аранжмани на песните чии автори се Тодор Трајчевски, Дарко Мариновски и Сони Петровски. Балетски солисти се Ивана Коцевска и Дојчин Дочев од Бугарија. Концерт мајстор ќе биде Верица Ламбевска, режисер Дејан Прошев, а диригент, гостинот од Србија Ѓорѓе Павловиќ.
Автор на сценариото за концертот е драматургот Братислав Димитров, а наратор ќе биде актерот Владо Јовановски.
Трајанов во 2008 година стана дел од Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде ја формираше и Катедрата за соло пеење. Тој е добитник на повеќе домашни и интернационални награди, а настапувал на голем број популарни сцени во светот, на 700 претстави во над 80 оперски куќи во светот.
Во својата 30-годишна кариера се стекнал со признанието „Уметник на мирот“, доделено од УНЕСКО и ја добил наградата „Оперски Оскар“ за најдобар машки оперски уметник во Грац.
Ново на Сител
-
Битиќи: Работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори во 2025
-
Македонија треба да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“
-
Мицкоски најави нови проекти во Гевгелија
-
Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар
-
Скопјанец наплаќал паркинг на државно земјиште
-
Кривична пријава за тројца полициски службеници за „несовесно работење во службата”
-
Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија
-
Ѓурчески: Се сомневам дека Данка е киднапирана, детално чешлање на сите криминалци во тој регион