Борис Новковиќ: Знам каде е Тамара и знам дека сега има три деца!
Многумина сигурно не ја знаеле приказната која се крие зад еден од најголемите хитови на Борис Новковиќ "Тамара", песната за која, веројатно, верувале дека името Тамара само случајно се нашло во неа.
Интересено е што песната настанала кога Борис имал само 17 години. Тој ја напишал, но имал проблеми со текстот со оглед на фактот дека дотогаш пишувал само на англиски. Па повикал некој свој пријател кој дошол да му помогне.
Заедно се сетивме на еден другар кој беше луд по една Тамара. Што се не правеше заради неа. Падна од мотор, изгуби година на училиште и на крајот пак ништо не му помогна", раскажал Новковиќ и додал дека знае каде е сега Тамара, како и дека сега има три деца.
Уште рекол и дека не му здодеала изведбата на оваа песна која всушност е негова лична карта, а интересно е дека ја пеат млади кои не биле ни во план кога песната е направена.
Ново на Сител
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска
-
Мицотакис: Провокативна, незаконска и недозволива иницијатива од новата претседателка на Северна Македонија