Борел: Нестабилноста во нуклеарна Русија не е добра работа
Нестабилноста во нуклеарна Русија „не е добра работа“. Ова го изјави високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел.
Прекинатиот бунт на Вагнер покажува дека војната на Москва во Украина ја троши руската моќ и дека нуклеарната нестабилност „не е добра работа“, рече шефот на европската дипломатија.
„Она што се случи викендов покажува дека војната против Украина ја дели руската моќ и влијае на нејзиниот политички систем. Секако не е добро да се види како нуклеарна сила како Русија влегува во фаза на нестабилност. Тоа е исто така нешто што треба да се земе предвид. Чудовиштето работи против својот творец, политичкиот систем покажува кревкост, а воената моќ пука“, рече Борел на состанокот на министрите за надворешни работи на блокот.
Министрите за надворешни работи на ЕУ се обидуваат да ги анализираат последиците од немирите на нивниот редовен состанок во Луксембург. Шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром рече дека немирите се „внатрешна работа“ на Русија. Тој инсистираше на тоа дека „најважното нешто“ е да се поддржи Украина за да може да ја врати својата територија.
Ново на Сител
-
Еурофарм Пелистер денеска ги дознава противниците во Лигата на шампиони
-
Легендарната „10-ка“ во Барселона ќе ја носи Јамал
-
Ериксен: Докажав дека сум фудбалер, а не човек кој преживеал срцев удар
-
Анчелоти: Нејмар е исклучително важен за нас, тој мора добро да се подготви за Светското првенство
-
Русија казнила 20.000 војници кои одбиле да се борат во Украина
-
Мицкоски: Треба да се провери дали има кривична одговорност за пописот
-
Од есен нова инвестиција од 36 милиони евра во индустриската зона Штип, вработувања за 150 лица
-
УЈП ја започнува дигиталната трансформација на даночниот систем со е-Фактура