Борел ги повика членките на ЕУ на поголемо единство
Шефот на дипломатијата на Европската унија Жозеп Борел ги повика земјите-членки на ЕУ да го зајакнат меѓусебното единство и да развиваат партнерства.
Борел, доаѓајќи на состанокот на Советот на министерот за надворешни работи, прва средба на Советот на ЕУ со кое претседава, изјави дека тој напишал писмо наместо да дава долги говори до шефовите на дипломати и министри за одбрана на земјите членки на ЕУ.
„Ги објаснив главните цели и методологија на работа за подобрување на единството и развој на партнерства, затоа што ние самите не можеме да решиме многу од проблемите, од климатските промени до миграцијата“, вели Борел.
Тој ја презеде функцијата шеф на дишчпматијата на ЕУ на 1 декември, кога го презеде претседавањето со Советот на ЕУ од Федерика Могерини.
На нивната прва средба со која претседава Борел, министрите за надворешни работи на ЕУ разговараат за ситуацијата во Либија и Боливија, нуклеарниот договор со Иран, односите ЕУ-Африка и човековите права.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни