Борел до Путин: Престанете да чекате да се измориме, бидејќи тоа нема да се случи
Поддршката на Европска Унија за Украина е многу важна во „долгорочниот план“, изјави вчера високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
Како што јави германската новинска агенција ДПА, Борел на состанокот во Стокхолм на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ истакна дека Русија и претседателот Владимир Путин мора да разберат дека ЕУ ќе истрае во своите напори.
- Престанете да чекате да се измориме, бидејќи тоа нема да се случи, наведе Борел обраќајќи му се на Путин.
Тој додаде дека ЕУ не само што сега треба да обезбеди муниција, туку треба да подготви „повеќегодишна поддршка за Украина“.
- Украина мора да знае дека ќе ја поддржуваме не само во нејзините секојдневни битки во војната, туку и на долг рок, нагласи Борел.
Ново на Сител
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата