Балкан
27. August 2022 - 19:52

Борел: Белград и Приштина постигнаа договор

Како дел од дијалогот поддржан од ЕУ, Србија се согласи да ги укине документите за влез/излез за оние со косовски лични документи, а Косово се согласи да не ги воведува за оние со српски лични карти, објави високиот претставник Жосеп Борел на Твитер.

ЕУ за надворешна политика и безбедност , наведувајќи дека е постигнат договор

„Косовските Срби, како и сите други граѓани, ќе можат слободно да патуваат меѓу Косово и Србија користејќи ги нивните лични карти.

ЕУ штотуку доби гаранции од премиерот (Аљбин) Курти за таа цел“, рече претставникот на ЕУ.

„Ова е европско решение.Им честитаме на двајцата лидери за оваа одлука и на нивното водство“, додаде Борел.