Фудбал
12. January 2016 - 19:11

Бордо и Лориен во првиот меч од четвртфиналето на францускиот Лига Куп

 
 
 Со натпреварот кој ќе се игра вечерва од 21 часот, а во кој фудбалерите на Бордо ќе бидат домаќини на Лориен ќе биде отворена четвртфиналната рунда во Лига купот на Франција.
 
Утре ќе се играат преостанатите три средби, а како најинтересна ја извојуваме онаа во Париз, каде шампонот ПСЖ го пречекува Олимпик Лион. Овој натпревар ќе започне до 21 часот, додека претходно ќе играат, Тулуз - Олимпик Марсеј (од 17 часот) и Гингамп – Лил (од 18:45 часот).
 
Во четвртфиналето од ова натпреварување се игра еден натпревар по кој победниците ќе обезбедат пласман во полуфиналната рунда.