Борбата против Ковид-19 се претвора во масовна хистерија
Најпознатиот германски вирулог, Хендрик Штрек, директор на Институтот за вирологија на Универзитетот во Бон, остро се спротивстави на враќањето во карантин како решение за новиот удар на пандемијата на коронавирусот со кој се соочува дел од Европа.
Како што пишува британски „Телеграф“, тој им понудил совет на сите земји што почнале со воведување мерки за „заклучување“: „Смирете се, не подлегнувајте на општата масовна хистерија!“
– Време е да се стави крај на целата оваа возбуда. Вирусот можеме да го надмудриме користејќи го нашето знаење. Мораме да сфатиме дека Ковид-19 ќе биде со нас многу долго и мора да научиме да живееме со него. Не можеме да продолжиме да го прекинуваме нашиот нормален живот и да парализираме сè, истакна Штрек.
Тој, инаку, ги поддржа првите мерки за воведување карантин во Германија. Тогаш доаѓаа шокантни прелиминарни податоци од Италија, а научниците само што почнаа да се справуваат со овој вирус. Во такви услови, принципот на претпазливост диктираше драконски потези. Но, ситуацијата се смени во наредните месеци.
– Убеден сум дека промените во однесувањето на луѓето имаа силно влијание врз заразата. Луѓето сега се заразуваат со помали дози на вирусот поради почитување на социјалното растојание, па затоа клиничките слики се поблаги. Подобра хигиена и мерки како носење маски влијаеја на намалување на дозите на вирусот, смета Штрек.
Тој објаснува дека, при следење на развојот на пандемија, не е доволно само да се набљудува бројот на нови случаи на инфекција, туку и да се следат податоците од болничките единици за интензивна нега. Штрек вели дека сега е јасно дека големите собири во затворено го забрзуваат ширењето на заразата. А дека одењето во продавница или на фризер е ризик со кој може да се управува.
Тој предлага „систем на семафори“, односно воведување на локализирани мерки во зависност каде ситуацијата се влошува, односно кои области се наоѓаат во зелена, жолта или црвена зона. Боите во тој систем би покажувале пополнетост на болничките капацитети.
Штрек заклучува дека државните власти не можат да погрешат во борбата против пандемијата се додека се потпираат на здравиот разум и на деталните анализи за тоа што претставува најмало зло, пренесува „Јутарњи лист“.
Клатното во овој момент, вели тој, отишло предалеку на страната на „ковид неврозата“, што ги редуцира клучните програми на ОН за борба против ХИВ и гладот, што може да доведе до голем број смртни случаи.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево