Борбата против коронавирусот нè чека и следната година
Познатиот италијански вирусолог Иларија Капуа, професорка на Американскиот универзитет во Флорида, тврди дека светот ќе се бори против коронавирусот и следната година.
„Погрешно е да се верува дека вирусот не постои, за жал тој е околу нас и ќе мора да најдеме начини да живееме со него и да ги организираме своите животи бранејќи се од инфекција. Вистина е дека вирусот се менува, ќе имаме периоди кога ќе се шири помалку, како летоска (во Италија) кога имаше помалку заразени лица, но коронавирусот е сè уште опасен и бројот на заразени ќе се зголеми“, рече таа.
Таа додава дека треба да се посвети посебно внимание на растот на пациентите во одделенијата за интензивна нега, што е показател за тоа колку брзо се шири коронавирусот и дека треба итно и одлучно да се реагира.
Според неа, ќе помине долго време додека не се најде ефикасна вакцина против Ковид-19, па дури и кога ќе се најде ефективна вакцина, ќе биде потребно време додека да се вакцинира целата популација.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо