Бомбашки пречек за нарко дилер во Белград - Излегол од затвор и добил опомена, напаѓачите удриле веднаш по полицискиот час
Во двор на куќа во Белград пред два дена биле фрлени две бомби, се сомнева дека тие биле наменети за Дејан Поповац Чири (46), кој неодамна излегол од затвор, каде што поминал 10 години заради трговија со дрога.
Извор за kurir.rs кажува дека Поповац бил уапсен пред 12 година заедно со своите родители и сопруга поради сомневање дека работеле со хероин и кокаин. Дејан наводно бил близок и со луѓето од Воздовачкиот криминален клан.
Тој од затвор е искочен неодамна, па се претпоставува дека фрлените експлозиви во неговиот двор од куќата требале да бидат некој вид на опомена. - кажува изворот.
Во експолозијата е уништен автомобил марка „рено клио“, кој бил паркиран во дворот на куќата, дупки од експлозијата се гледаат на фасадата, оградите, како и на уште две возила пред капијата.
- Во таа куќа живеат две фамилии, а една од нив е фамилијата Поповац. Со обзир на тоа дека жената Н.Т., на која и е уништен автомобилот, нема криминално досие, како и нејзиниот маж, за сега се сомнева дека мета на нападот бил нивниот комшија Чира - кажува изворот и додава: Бомбите се фрлени од улица, и тоа само пола саат откако завршил полицискиот час. Куќата е обезбедена со видео камери и видео надзор, камерите сигурно го забележaле нападот, по што полицијата ги земала снимките.
Комшиите од улиците изјавија дека било премногу језиво. Одекнаа две експлозии, не знаевме што не снајде.
Мислам дека станува збор за рачни бомби и дека се фрлени две, една по друга - рече човекот кој живее на спратот од куќата. Додаде исто дека не знае кој е мета, и тоа дека уништениот автомобил на Н.Т. најверојатно е колатерална штета и дека она нема врска со криминал.
- Не знаете каков хаос настана после експлозијата! Дојде и до голем пожар, пламенот беше огромен. За среќа, пожарникарите стигнаа одма, па така не дојде до поголема штета - изјавува изворот. Тој објаснува дека полицијата направила увид на место, и дека тимот на контраверзијата проверил да не останала уште некоја неексплодирана бомба.
Во поголемот шок била жената која ѕидот на спалната соба бил на неколку метри од изгорениот автомобил.
За среќа никој не е повреден. Стварно сум во шок. Газдарицата на автомобилот живее на приземје, не верувам дека таа на некого му згрешила. - кажа жената
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж