Болниците преоптоварени, 1684 хоспитализирани, 45 починати, над 21.000 активни случаи
Стигнува третиот бран на пандемијата од коронавирусот. И вчера беше регистриран голем број на новозаразени и починати. Во претходното деноноќие забележани се 1.394 нови случаи од 4.920 тестирања, или 28 отсто од тестираните се позитивни. Вкупно починаа 45 лица, а оздравеа 479 пациенти. Во моментов бројот на активни случаи во државата изнесува околу 22 илјади.
По завчерашниот највисок број (50) починати во 24 часа, министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека има пациенти со многу тешка клиничка слика кај кои терапијата не дава резултати. Болниците се преоптоварени како никогаш од почетокот на епидемијата, рече тој, но дури и сега има слободни кревети и ниеден пациент нема да остане без соодветна лекарска нега.
-Колегите прават се. Има пациенти со многу тешка форма, се лекуваат согласно стандардите, но за жал, и покрај преземените мерки, кај некои лекувањето нема ефект. Има пациенти со клиничка слика и страшни манифестации на белите дробови и крвта какви што пулмолозите и колегите инфектолози досега не виделе. Нема ефект од терапијата и, кога состојбата ќе се влоши, и покрај се што се прави, нивните животи не можат да се спасат, рече Филипче.
Во однос на смртните случаи на млади луѓе, министерот одговори дека и во регионот често има влошување на здравствената состојба кај младите во рок од само неколку часа.
-Болниците се преоптоварени како никогаш досега, но обезбедуваме се што треба секој да добие соодветна здравствена нега и има сосема доволен број болнички кревети, дури и сега, изјави Филипче .
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1684 и има околу 230 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 134.134, бројката на оздравени пациенти е 108.676, на починати е 3.905, а бројот на активни случаи изнесува 21.553. Најмногу активни случаи има во Скопје 10613, Прилеп -1130, Куманово – 1047, Битола – 981, Охрид – 876, Велес – 818, Кавадарци – 749. Во другите градови се помалку од 700.
Во светот досега од САРС-КоВ-2 се инфицираа над 131 милион луѓе, починаа над 2,8 милиони лица и оздравеја 105 милиони пациенти.
СЗО завчера вечерта соопшти дека за 24 часа во светот со коронавирус се заразиле 659.000 луѓе.
Од британската Агенција за регулирање на медицината и здравјето (МХРА) вчера стигна веста дека вкупно седум смртни случаи од згрутчување на крвта по вакцинирањето на 18 милиони Британци со „АстраЗенека“, но не е утврдено дали е од вакцината
-Придобивките од спречувањето на инфекцијата со Ковид-19 и компликациите од инфекцијата се уште ги надминуваат сите ризици и жителите треба да продолжат да примаат вакцина кога ќе бидат повикани за имунизација, изјави вчера за Би-Би-Си Џун Рајн, раководител на британската Агенција за регулирање на медицината и здравјето (МХРА).
Поради појавата на згрутчување на крвта по вакцинирањето со „АстраЗенека“ некои земји привремено ја прекинаа, а подоцна и ограничија употребата на оваа вакцина само на повозрасните лица.
Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека вакцината е безбедна, но, исто така, планира и натамошни консултации за тоа дали да опстојат одлуките за ограничување на употребата на вакцината во некои земји-членки на ЕУ.
Ново на Сител
-
Ограбена црква во Аеродром
-
55 годишник силувал 50 годишна жена во Кривопаланечко
-
Клековски: До крајoт на јануари очекувам да ги има сите лекови на Онкологија
-
Кривична пријава против 6 лица поради сомнение за помагање во врска со измама
-
Турските власти цел на критики поради недостиг на безбедносни мерки во планинскиот хотел
-
Трамп нареди вработените во службите за поттикнување на различностите да заминат на отсуство
-
Уапсен 23 годишник од Бангладеш кој водел група од 8 мигранти од Непал
-
Туск: Европа има еднакви права да зборува за својата величественост како и САД