Македонија
11. September 2019 - 16:21

Болничките соби полни со вода по вчерашниот дожд во Струга

Прокиснат плафон,дупки по ѕидовиите и  влага , кофи во некои од собите каде се лекуваат пациентите ваква е денешната слика во Заводот на нефрологија во Струга по синоќешниот пороен дожд. Болните револтирани велат дека вчера седеле во ходниците и чекале да преврне за да се санира водата во нивните соби која течела од покривот. Опасноста била  уште поголема што водата пробивала во близина на светлото на плафонот.

Директорот на Дијализа Попоски потенцира дека станува збор за проблем кој се провлекува години наназад за што било информирано министерството за здравство.Во месец април бил распишан тендер за целосна реконструкција на кровот но врз основ на поплаки и жалби истит бил поништен.

Инаку, во Заводот за нефрологија во Струга дневно на дијализа одат преку 100тина  пациенти како од земјава така и од регионот  а зградата е од 1984 година.