Македонија
1. April 2018 - 17:17

Болеста беше немилосрдна, почина малата Јана

Малата Јана ја загуби битката со немилосрдната болест. Девојчето со ангелски лик за кој Македонија се сплоти по хуманиот апел, за жал, не е повеќе меѓу нас.

На малата Јана Здравевска од Велес родена на 25.07.2015 година на 1 годишна возраст и беше дијагностицирано AML (акутна мијелоидна леукемија).

На клиниката за детска онкологија во Скопје по примена хемо терапија, Јана ја совлада болеста, но по само 5 месеци истата се врати и Јана беше испратена на трансплатација на коскена срцевина во болницата Газиосман паша во Истанбул.

Трагичната вест ја соопшти нејзиниот татко со емотивна порака.