Боки 13: Судијката на Меѓународен сојуз е контролирана од Заев
Обвинетиот во Меѓународен сојуз, Бојан Јовановски, повторно бара смена на судијката Софче Гаврилова. Го добил известувањето од претседателот на Основен Кривичен суд дека претходното барање за изземање е одбиено, па денеска освен за судијата, изземање побара и за судиите поротници.
-Судијата е политички инструиран и поврзан со претседателот на овој суд и ми дава сомнеж за систем на сврзани садови за овој предмет кој се сомневам дека еполитички конструиран, а судечкиот совет е контролиран од премиерот Зоран Заев и високо позиционирани функционери во државата, изјави во судницата Јовановски.
Тој додаде дека е во контрадикторна постапка со судијата која го води случајот бидејќи против неа како и судијата од предметот Рекет кривично ги гони за злоупотреба на службената положба, обид за убиство и тортура.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Со докази од Скај комуникација откриен шверц на кокаин
-
Приведен 42-годишен затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во Затвор Идризово
-
Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина се веќе на пат
-
Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за поседување и трговија со наркотици
-
Царината заплени над пет илјади фалсификувани „Ејпл“ маски за телефон
-
МВР распиша оглас за 150 полицајци
-
НБ: Се намалуваат надоместоците за извршување на плаќањата во земјата и во СЕПА
-
Приведен возач од Гевгелија, возел со 99 км на час на место каде е довзолено 40 км на час