Македонија
4. јуни 2020 - 19:43

Боки 13 нуди 146 илјади евра за да излезе од затвор

Боки 13 по 8-ми пат бара укинување на притворот. Како гаранција дека нема да побегне нуди дуќан во центарот на Скопје и куќа во населбата Тафталиџе во вкупна вредност од 146 илјади евра. Таквата гаранција денеска се најде пред апелационите судии од кои Бојан Јовановски побара да го напушти затворот Шутка и одредување поблага мерка за обезбедување. Потенцираше дека нема намера да бега затоа што не чуствувал вина за кривичното дело кое му се ставало на товар. Додаде и дека во моментов бегството би било невозможно бидејќи поради коронавирусот се затворени државните граници.

-Се чуствувам нееднакво со останатите обвинети воопшто оти има и такви со посериозни дела па имаат подобар третман од мене. Мерката притвор не треба да се претвори во казна а тоа се случува со мене, рече Јовановски пред апелационите судии.

Тој им укажа дека цели 11 месеци минал во притвор и забележа дека тоа не било рамноправен со останатите обвинети во предметот.

Барањето за укинување на притворот доаѓа на две недели пред Кривичниот суд да ја објави пресудата за „Рекет“ каде Јовановски е првообвинет.

Тој на судењето во понеделникот во својот завршен збор наведе оти обвинителството требало да го вештачи неговиот мобилен телефон бидејќи постоеле важни информации за случајот.  Како една од нив ја посочи комуникациајта со поранешниот премиер.

Според ВМРО-ДПМНЕ, одбивањето на обвинителството да го вештачи телефонот на Јовановски бил обид да се заштити Заев па смета дека за расфетлување на случајот неопходно да биде вештачен неговиот мобилен.

Иако првообвинетиот во случајот Рекет неколку пати посочува дека во телефонот на Зоран Заев има комуникација која што е важна за расветлување на целиот случај, сепак телефонот на Заев не е одземен со цел негово вештачење.

Што сака Русковска да сокрие!? Дали во телефонот на Зоран Заев има кореспонденција и комуникација која директно укажува на него како Капо Ди Тути капи на целата рекетарска шема во Македонија!?

ЈО молчи во однос на вмешаноста на Заев и на секое негово спомнување ја свртува работата во друг правец.

Пресудата за случајот Рекет, кривичниот суд ја најави за 18 јуни.