Боки 13 и Јанева тврдат дека не се виновни, Кичеец го призна делото за „Рекет“

Првото рочиште за случајот „Рекет“ почна со еден час задоцнување, по што Судот даде 30 минути пауза за консултации, а во меѓувреме доктор да провери здравствена состојба на Боки 13.
На почетокот на судењето претседателката на Судечкиот совет Весна Николовска Масевска рече дека им била доставена медицинска документација од ГОБ „ 8 Септември“ од Јовановски, кој денеска имал здравствени проблеми – повраќал и бил тешко контактибилен. По мислење на затворскиот доктор, тој не е способен да го следи рочиштето.
– Не се чувствувам добро. Имав десет повраќања. Имам исклучителна желба активно да учествувам во судскиот процес. Немам добиено терапија за новата дијагноза што ми е најдена. Едноставно затворскиот доктор констатираше дека не можам да го следам судењето, но јас инсистирав да бидам донесен за да не биде дека одолговлекувам, но не сум во свесна и рационална состојба да го следам судското рочиште, изјави Боки 13, на прашање од судијката како се чувствува сега, рече Јовановски.
Обвинителката Вилма Рускоска, пак, кажа дека според лекарите во ГОБ „8 Септември“, Јовановски е во добра здравствена состојба.
– Јас сум сигурна дека е така. Ниту еден доктор не би ја ризикувал својата лекарска лиценца. Сметам дека ова е само обид за одлговлекување, рече Рускоска
Судот по ова даде 30 минути пауза за консултации, а во меѓувреме ќе повикаат доктор да ја провери неговата здравствена состојба.
Судењето започна со еден час задоцнување почнува судењето за случајот „Рекет“. Во судницата се тројцата обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец.
Со полициска придружба Боки 13 беше спроведен во Кривичниот суд од КПУ Затвор Скопје каде што издржува мерка притвор, а од домашен пртивор беа донесени поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец.
Судењето го следат бројни новинарски екипи.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и Милевски.
Како што соопшти Јавното обвинителство, првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинета Јанева се товари и дека сторило и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“
Ново на Сител
-
Локалното население да се едуцира и да се вклучи во гаснење на пожарите
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Рудникот е казнет и обврзан да ги преземен сите мерки од А-интегираната дозвола
-
СДСМ бара инспекторатот да побара одговорност од сите инволвирани во хаваријата од рудникот Тораница
-
Четворицата критични пациенти кои се во странски медицински центри и понатаму во тешка состојба
-
Во штипската болница отворен центар за рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани
-
Преку измени на закон ќе се регулира користењето на пиротехника во затворен простор
-
Обука на вештаци за подобра експертиза и стекнување лиценци за поквалитетни судски постапки