Боки 13 хоспитализиран, ќе му се отстранува желудникот
Бојан Јовановски (Боки 13) е хоспитализиран во градската болница во Скопје, каде ќе биде опериран, соопшти неговиот правен тим.
Оттаму велат дека операцијата е високо ризична, а исходот од нејзе е неизвесен. Додаваат и дека хирурзите кои ќе ја извршат се оградуваат од ризикот и одговорноста, а се поради нејзината сложеност.
„Согласно специјалистичкиот извештај, ве информираме дека за извршувањето на операцијата која по својот карактер е сложена, високо – ризична и со неизвесен исход од истата, формиран е тим на повеќе хирурзи – специјалисти од областа кои ќе ја извршат операцијата, а истовремено напоменуваме дека хирурзите – специјалисти се оградуваат од ризикот и одговорноста за исходот од оперативниот зафат, дотолку повеќе што тие навремено и повеќекратно даваа категорични препораки и укажувања преку конзилијарните стручни мислења да не дојде до оваа операција и да се избегне овој мутилантен хируршки зафат, од причини што самата хируршка интервенција е високо ризична и сложена, придружувана со можни компликации кои можат да бидат кобни за пациентот“, пишуваат од правниот тим на Боки 13.
Според нив, ова е последица на тоа што Боки 13 во затворот „Идризово“ не бил третиран согласно лекарските упатства.
„Оттука, произлегува фактот дека поради апсолутно и крајно непочитување на издадените задолжителни препораки и мислења на стручните колегиуми на државните клиники од страна на судските власти и Управата за извршување на санкциите, дојде до оваа непосакувана и ризична актуелна здравствена состојба на Бојан Јовановски, после која во најдобар случај и позитивен исход од операцијата, Бојан Јовановски ќе биде со траен инвалидитет. Целата оваа ситуација и операцијата можеше да се избегне доколку властите кои одлучуваа по барањата за прекин ги почитуваа специјалистичките препораки кои категорично укажуваа дека ќе дојде до сето ова, бидејќи во затворски – пенални услови нема можност за лекување и третирање на болеста на пациентот. Бојан Јовановски после денешната хоспитализација, во наредните денови ќе му бидат извршени сите потребни испитувања и подготовки за операцијата, по што хирурзите – специјалисти ќе пристапат кон извршување на истата“, додаваат тие.
Правниот тим испратил и ново барање за прекин на казната, бидејќи како што велат, никако поинаку не може да се санира состојбата на Боки 13, а тоа се докажува и од алармантното влошување.
„Ја информираме јавноста, дека пред Основниот кривичен суд веќе е поднесено ново барање за прекин на издржување на казната затвор согласно чл.224 ст.2 од ЗИС и очекуваме одлука која ќе биде донесена во итен рок, која ќе биде темелена врз основа на реални факти и неселективна оценка на доказите со примена на начелото на хуманост, согласно новонастаната состојба, односно одлука со која ќе биде уважено барањето за прекин согласно сите исполнетите законски услови, совест и одговорност при одлучување од страна на судот. Во овие чувствителни моменти за Бојан Јовановски и неговото семејство, ја повикуваме јавноста на солидарност и емпатија, како доблесни карактерни особини на секој поединец, бидејќи со овој пример на Бојан Јовановски имаме за цел да ги укажеме негативните појави, а истовремено да дадеме придонес кон подобрување на јавното добро“, додаваат тие
Ново на Сител
-
Уште еден посилен земјотрес регистриран вечерва кај Врање
-
Македонската репрезентација ја совлада Ерменија и обезбеди пласман во Б дивизијата во Лигата на нации
-
Мајката на едно од убиените деца во „Рибникар“: Момчето-убиец имаше безизразно лице, како возрасните не го забележаа тоа?
-
Малолетник нападнат на автобуска постојка на Бит Пазар
-
Кривична пријава против едно лице за предизвикување опасност за животот и здравјето на луѓето
-
Продолжуваат градежните работи на новиот парк во Карпош
-
Кремљ: Путин е отворен за дијалог со Шолц
-
Арсовска од Брисел: Локалната власт се соочува со политичко мешање