-->
-->
Бојкот на дел од навивачите на Челзи поради менаџерот Сари
-->
Повеќе од 400 сопственици на сезонски билети на Челзи ги оставија своите места на продажба за натпреварот со Вент Хем на 8 април, додека речиси 700 навивачи ги продаваат своите билети за натпреварот со Барнли на 22 април.
По разговори со други сопственици на сезонски билети, весникот Дејли меил нагласува дека тие нема да ги продаваат своите места, но не планираат да дојдат на стадион.
Навивачите се надеваат дека тие одлуки ќе ја поттикнат управат на клубот да размисли за останување на менаџерот Маурицио Сари на клупата на Челзи.
Челзи во неделата загуби од Евертон со 0-2 и е на четвртото место на табелата, на осум натпревари пред крајот на шампионатот, со четири бодови помалку од третопласираниот Тотенхем.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање