Бојан Јовановски останува во притвор
Апелацискиот суд ја одби како неоснована жалбата на Бојан Јовановски, обвинет во случајот „Рекет“ и го потврди првостепеното решение, со кое тој останува во притвор.
– Апелацискиот суд по одржана јавна седница, донесе одлука со која жалбата на обвинетиот Б.Ј од изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е продолжена мерката притвор, против обвинетиот го потврди, се вели во соопштението до Апелација.
Вака донесената одлука, информираат од Апелација, ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.
На јавна седница во Апелација одржана на 22 јануари, адвокатот на Бојан Јовановски, рече дека обвинетиот се наоѓа во притвор шест месеци, а е однесен на преглед 60 пати, што ја претвора мерката притвор во казна.
Адвокатот посочи и нов медицински извештај од 14 јануари 2020 година од субспецијалист, во која абдоменалниот хирург предлага операција веднаш и обвинетиот да се стави на строг хигиено-диететски режим со оглед на честите улкусни лезии.
Ново на Сител
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција