Богојавление-Водици одбележан со водосвет во трите велешки цркви
Епархијата Повардарска со седиште во Велес по повод празникот Богојавление – Водици утрово во црква „Св. Спас“ одржа света Божествена литургија на која чиноначалствуваше митрополитот Повардарски Агатангел. Во кругот на оваа црква како и во останатите две градски цркви во Велес, „Св. Пантелејмон“ и „Св. Кирил и Методиј“, во присуство на свештенството и православните христијански верници беше извршен голем богојавенски водосвет.
Како што информираат од Епархијата Повардарска, денеска свештени лица без присуство на верници ги осветија и водите на реката Вардар под Мало Мовче. Традицијата на положување на светиот крст во водите на Вардар оваа година изостана поради пандемијата на Ковид.
Поради ситуацијата со пандемијата на Ковид годинава Епархијата Повардарска не ја одржи ниту традиционалната литија од црквата „Св. Спас“ до Мало Мовче, која му претходи на чинот на фрлање на светиот крст во водите на реката Вардар.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден