Богод: Во Романија има недостиг на лекари
Романскиот министер за здравство Флориан Богод признава дека во Романија има криза поради недоволен број на лекари, пишува весникот „Романија либера“.
- Романија е исправена пред криза со лекарите, изјави Богод, дополнувајќи дека бројот на лица кои заминале на специјализација во други земји достигнал до 12.000.
- Најголем проблем имаме во областа на анестезијата - интензивната терапија. Одлуката е да ги доведеме во земјата, да ги зачуваме во земјата, наведе Богод, нагласувајќи дека кризата со медицински персонал е посебно изразена во градовите каде нема универзитетски центри, односно во малите градови и малите болници.
Според министерката за труд Олгуца Василеску со усвојувањето на законот за единствено плаќање, во 2018 година платите во медицината ќе достигнат до 3.600 евра.
На тој начин висината на платите ќе достигне до 70 проценти од нивото на платите во Европската унија и лекарите повеќе нема да ја напуштаат земјата.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност