Богдановиќ: Изградбата на катна гаража кај паркингот на „Автомакедонија“ ќе ги задуши граѓаните
Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ денеска изјави дека општинските власти се обидуваат да воспостават комуникација со инвеститорот и да се најде решение со цел да не се гради катна гаража во висина од 29 метри кај паркингот на „Автомакедонија“.
– Ова земјиште е продадено на јавна лицитација во 2012 година од тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски со намена изградба на катна гаража во висина од 29 метри, на претходно донесен ДУП во 2011-та година, а потоа менуван или усогласуван заради потребите на самите инвеститори и нормално за усогласување на сите овие градби кои се никнати во септември 2019-та година, изјави Богдановиќ.
Тој потсети дека досега неколку пати имало обиди да се почне со изградба на овој објект, но реагирале и повеле судски спор поради нарушено владение. Потоа самиот инвеститор Никофон, како што рече, има покренато постапка за да го добие владението и судот му пресудува дека може да се воведе во владение.
– Општина Центар во изминатиот период пробуваше да разговара со инвеститорот, бидејќи сметаме дека ако дојде до реализација, покрај сите овие објекти кои беа изградени во „Скопје 2014“, ќе се уништи ова последно слободно место кое дополнително ќе ги загуши граѓаните кои живеат овде. Го разбираме револтот на граѓаните, бидејќи сите овие објекти околу паркингот ќе бидат целосно затворени, рече Богдановиќ.
Освен начинот на кој што е менуван планот, ќе утврдиме, како што рече, како се прилагодувала самата парцела за да може инвеститорот да ја добие во владение, бидејќи за 29 метри ваков огромен објект треба да има влез и излез, а планиран е само еден влез. Ќе видиме како се менувале правилниците и со тоа ќе се занимаваат истражните органи, најави Богдановиќ.
Тој информира дека е спорен самиот договор, јавната објава и лицитација.
– Согласно уредбата за продажба на јавно земјиште, цената се формира согласно намената. Тука имаме 70 отсто компатибилно, односно изградба на катна гаража и 30 отсто изградба на деловен простор. Ако се земат цените од уредбата, треба да дојдете до некоја почетна цена од околу 5.000 денари, а овде почетната цена е 1.800 денари. Со самото тоа целиот јавен повик треба да биде ништовен и со тоа да нема договор, а со тоа паѓа и одобрението. Ние од кога го преземавме земјиштето, ги добивме и предметите кои беа веќе завршени и покренавме постапки за основано сомневање за оштетување на буџет и за злоупотреба на службена положба до Јавното обвинителство и чекам одговор, појасни Богдановиќ. Додаде дека во изминатиот период има поднесено две кривични пријави и од страна на граѓаните кои се тука и се уште, како што рече, не е ништо преземено.
Богдановиќ ги повика институциите да реагираат и смета дека може да се даде времена мерка од страна на Обвинителството додека не се расчисти целиот случај.
Ново на Сител
-
Дал 5 евра за автобусот да ја мине границата, уапсен 28-годишен Косовец на Блаце
-
Извршена исплата за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот јануари-јуни 2024 и исплата за градинарско производство
-
Забрана за движење товарни моторни возила на патот Дебар - Маврово и Тетово – Попова Шапка
-
Студено и ветровито време со локални врнежи од снег
-
ДУИ: Рeвизија на приватизацијата
-
СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во маркерите - повисоки цени наместо пониски
-
Тешко повредена жена откако во неа удрил „цитроен“ - возачот го напуштил местото
-
Најпознатиот божиќен хит на Мараја Кери е издаден пред точно три десетлетија