Македонија
22. јуни 2022 - 13:12

Бочварски: Ќе се гради трета лента на сите делови од Прилеп-Градско, а следен чекор автопатот Прилеп-Битола

Имаме проект во завршна фаза што опфаќа трета лента на сите позиции каде се две ленти на патот Прилеп-Градско, а следен чекор е изградбата на автопатот Прилеп-Битола, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој денеска беше на увид на рехабилитацијата на 19 километри на магистралниот пат Прилеп-Градско.

-Експресниот пат се работи во две фази од Градско до Дреново и Дреново – Фариш. Ова е третата делница на која моментално работиме на нејзината рехабилитација на постојниот патен правец. Имаме и проект кој привршува, а тој проект значи и проширување на трета лента на сите позиции каде што има две ленти и ќе започне во наредната фаза. Следен чекор е изградбата на автопатот Прилеп – Битола со што конечно ќе го заокружиме целиот овој регион како навистина обезбедување на патна инфраструктура за развојот на економијата во овој регион, но и во целата држава, рече Бочварски.