Македонија
25. May 2020 - 15:56

Бочварски: Граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат мерките

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска по објавувањето на трите нови слуачаи на заразени со коронавирус, во изминатите два дена истакна дека граѓаните треба да бидат внимателни и понатаму и да ги почитуваат мерките, а олабавувањето на мерките не треба да значи и олабавување на граѓаните да не ги почитиваат мерките за да се заштитат од овој вирус.

-Токму затоа и апелирам до граѓаните да бидат крајно внимателни со држење на социјална дистанца, со носење на заштитна опрема, често миење на рацете, а секако сопствениците на текстилните фабрики да продолжат со дезинфекција на погоните, дезинфекција на автобусите, со кои се превезуваат граѓаните, вели Бочварски.

Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“-Штип вели дека до нив се пристигнати информации и загриженост од страна на работниците, бидејќи двете текстилни работнички кои се од иста конфекција се превезувале со автобус во кој имало работнички од други две конфекции. Ампева забележа дека денеска имала разговор со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на кој му препорача веднаш да се преземат сет мерки, со цел да се заштитат останатите работници и нивните семејства.

-Знам дека тие фирми немаат дадено годишен одмор и може да се даде, кој секако треба да се даде до 30 јуни оваа година, значи збориме за ланскиот годишен одмор, да се направат подоцна тестирање на сите нив и да продолжиме најнормално пред овие случувања. Она што беше кажано како совет од нас на градоначалникот е да ја преземеме ситуацијата во свои раце, додека уште можеме, вели Ампева.

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Ирина Бухова вели дека денеска епидемиолозите парват широка епидемиолошка анкета на контактите на текстилните работнички и во автобусот и во конфекцијата, откако ќе ги имаат анализите ќе знаат и какви мерки ќе се преземат на терен. Епидемиолозите треба да утврдат кои конткати се од висок и среден ризик, кои веднаш треба да се изолираат. Бухова вели дека се утврдува и дали текстилните работнички имаат поврзаност со таксистот, неговата сопруга и лекарот од приватната здравствена установа или пак станува збор за сосема два различни кластери. Откако ќе се направи анализита, Општинскиот кризен штаб ќе се состане за да се утврди дали се потребни или не нови мерки.