Бобан Стефковски: Категорично сум против затворање на училиштата
– Настава со физичко присуство е единствена форма на одржување настава која ќе создаде здрави генерации со стекнато квалитетно образование. Како градоначалник на Гази Баба категорично сум против затворање на училиштата, е ставот на градоначалникот на оваа општина Бобан Стефковски во врска со актуализирањето на прашањето дали учениците да учат онлајн поради енергетската криза.
– Ова мое тврдење се потврдува и со искуството кое го стекнавме за време на пандемијата кога се реализираше онлајн-настава во Македонија. која не даде задоволителни резултати. Покрај ова, секојдневно бевме сведоци и на технички проблеми кои оневозможуваа одржување настава и со денови. Кога се зборува за затворање на училиштата и воведување онлајн-настава, државата во прв план треба да ги стави граѓаните, односно како таа мерка ќе влијае на населението. Дали сите ученици ги имаат потребните средства за да следат онлајн-настава и што со оние кои немаат? Дали во време на ваква сериозна инфлација треба да ги изложиме граѓаните на дополнителни трошоци?, напиша Стефковски на Фејсбук.
Според него, Владата треба итно преку Министерството за образование и наука да обезбеди зголемување на блок-дотациите кои стигнуваат до општините со цел покривање на тековните трошоци како основна мерка, а да се размислува и за дополнителни кратки распусти за учениците согласно временските прилики.
Ново на Сител
-
Од утре забрана за движење во шумите
-
Цените на нафтата минатата недела нагло се намалија по прекинот на огнот меѓу Израел и Иран
-
Трамп: Има група многу богати луѓе кои би го купиле ТикТок
-
Нетанјаху: Војната со Иран создаде можност за враќање на заложниците од Газа
-
9-годишно девојче со потекло од Македонија се удавило во река во Италија
-
Второ пријавување за упис во средните училишта, слободни над 16 000 места
-
Еврокомесарката Марта Кос во посета на земјава, денеска и утре лидерска средба ЕУ - Западен Балкан
-
Трамп: Иранците не знаеја дека доаѓаме