-->
-->
Блокада на патот Кичево - Охрид кај селото Ботун, еве кога и како може да се помине
-->

Денеска од 10:00 - 15:00 часот поради јавен собир на магистралниот пат Кичево - Охрид кај м.в.Ботун сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци, а од 12:00 - 14:00 часот ќе има незименично пропуштање на возила.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево -
Демир Хисар и Ресен - Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
На патниот правец Р 1308 Макази - г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот