Блинкен ја обвини Северна Кореја дека е во „фаза на провокација“ поради тестирањето оружје
Северна Кореја е во „фаза на провокација“ со нејзините неодамнешни тестирања на балистички ракети, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Блинкен и неговите јужнокорејски и јапонски колеги, Чунг Еуи-јогн и Хајаши Јошимаса, вчера на состанокот во Хололули, на Хаваи, го потврдија своето единство против севернокорејската закана.
Пјонгјанг треба да ги „запре нелегалните активности и да почне дијалог“, напишаа тие во заедничката изјава, оценувајќи ги како „дестабилизирачки“ седумте тестирања на ракети што Северна Кореја ги спроведе од почетокот на годината.
Министрите додадоа дека Вашингтон, Токио и Сеул „немаат непријателски намери“ кон Пјонгјанг и дека, сепак, сакаат да отворат дијалог „без предуслови“.
Блинкен на заедничката прес-конференција со своите колеги рече дека Северна Кореја е во „фаза на провокација“.
-Продолжуваме да бараме начин Северна Кореја да преземе одговорност за своите постапки, рече тој, наведувајќи ги санкциите што неодамна ги воведе Вашингтон против осум лица и организации поврзани со режимот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
Блинкен пристигна на Хаваи на враќање од неговата турнеја низ Пацификот за време на која ги посети Австралија и Фиџи. Тој присуствуваше на состанокот на четирипартискиот сојуз на САД, Австралија, Јапонија и Индија во Мелбурн, што треба да се спротивстави на растечкото влијание на Кина во Азија и Пацификот.
За време на еднонеделната турнеја, Белата куќа објави документ од 18 страници во кој се нагласува централното значење за интересите на САД во овој регион, што Вашингтон го нарекува „Индо-пацифик“.
-Оваа стратегија ја покажува суштинската вистина дека повеќе од кој било друг дел од светот, она што се случува во тој регион ќе влијае на животите на Американците и луѓето ширум светот, објасни Блинкен во Хонолулу.
Ново на Сител
-
Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност
-
Приведен маж од Свети Николе поради предизвикување пожар
-
По 45-ти пат во Охридското Езеро утре ќе се плива традиционалниот Илинденски пливачки маратон
-
Ангелов: До крајот на денот се очекува да пристигнат летала и тимови од неколку земји за справување со пожарите
-
За продолжениот викенд многу топло време со попладневна нестабилност
-
Илинденско послание на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан
-
Црвен крст отвори жиро-сметка за донации и СОС линии за психолошка прва помош за настраданото население од пожарите
-
Kривична пријава за 17-годишен малолетник кој нападнал и силувал малолетничка и двајца возрасни кои во неколку наврати физички ја нападнале