„Блиц“: Шпанија бара да се вклучи во дијалогот Белград-Приштина
Шпанија и некои од земјите на Вишеградската група на состанокот на членките на Службата на ЕУ за надворешна политика, одржан во Брисел, изразиле незадоволство затоа што не се вклучени во процесот на дијалогот меѓу Белград и Приштина, тврди белградскиот весник „Блиц“.
Според весникот, тие оцениле дека преговарачкиот процес не е транспарентен и дека имаат впечаток оти забрзано и во тајност се работи на постигнување договор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.
– Шпанија стана многу нервозна, исто како и уште некои држави што не го признаа Косово. Тие на состанокот отворено рекоа дека сето она што го прави Брисел во врска со конечната фаза од дијалогот Белград-Приштина е нетранспарентно, како и дека нив никој не ги консултурал – изјавил извор од ЕУ за “Блиц“.
Според истиот извор, овие земји членки на ЕУ барале да бидат информирани за дијалогот и „да бидат вклучени во последната фаза од преговарачкиот процес“.
Шпанија го условуваше своето учество на неодамнешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Софија со барање косовскиот претседател Хашим Тачи да нема третман на рамноправен шеф на држава.
Шпанија, која се соочува со сепаратизам во Каталонија, е една од најжестоките противници на признавањето на Косово меѓу членките на ЕУ.
Ново на Сител
-
Македонска влада за Мицотакис: Не е точно дека го прекршуваме договорот Преспа, Брисел да не оценува по реформите
-
Загина 14-годишно момче откако врз него паднал бојлер
-
Бугарка приложила фалсификувана лична карта во скопска банка
-
ЦУК: Стабилна состојбата со водостоите на реките во тетовско и гостиварско, патните правци проодни
-
ЕВРО2024: Тројца избодени со нож во фан зона во Штутгарт
-
Отстранети 40 кубни метри отпад од дива депонија на „Пластичарска“
-
Сараево: Ги убил братот и снаата, ја запалил куќата, па се самоубил
-
Поплавен погон на скопска фирма