„Блиц“: Дали Србија навистина е трета по број на тенкови во Европа
Колку тенкови има Србија е воена тајна, но судејќи според мапата што кружи на социјалните мрежи, Србија по Русија и Грција има најмногу тенкови во Европа, објави „Блиц“.
Весник на својата веб-страница наведува дека на Твитер излегла мапа на Европа, на која е прикажано колку земји имаат тенкови на 100.000 жители.
Според мапата, Србија е на третото место на стариот континент, со 9,17 тенкови на 100.000 граѓани, пренесува „Блиц“. Русија е прва со 14,1 тенкови и Грција со 12,35 на 100.000 жители.
Ако се земе предвид најчестата информација дека Србија има седум милиони жители, тоа би требало дека значи дека Србија има 642 тенкови, објави весникот.
Министерството за одбрана, меѓутоа, негира дека Србија има 9,17 тенкови на 100,000 жители.
Воениот аналитичар Александар Радиќ, сепак, посочува дека е точно дека Србија има најмногу тенкови во регионот, но тој исто вели во изјава за весникот дека армијата има 251 тенк.
Ново на Сител
-
Околу 15.000 луѓе евакуирани во Германија поради сомневање за бомби од Втората светска војна
-
Уапсени две лица, возеле мортус пијани
-
Стотици илјади луѓе учествуваа на протестите низ САД против Трамп и Маск
-
ЦУК: Санирани пријавени оштетен мост пред Визбегово и пукната водоводна цевка
-
Протест во Париз против пресудата за Ле Пен
-
САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан
-
Приведено едно лице, по друго се трага, за пукањето објавено на Фејсбук | ВИДЕO
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Тетово