Спорт плус
16. April 2016 - 21:28

Блажевски со одлични настапи на митинг „Арена про Свим“

Македонскиот пливач Марко Блажевски на трката од 200 метри мешано на митингот од „Арена про свим“ постигна деветто време (2:05.07 минути) во квалификациите во конкуренција на 42 пливачи. Тој со ова постигнување ќе биде прва резерва за А финалето кое се плива после полноќ.

Нашиот пливачи беше дел од квалификационата трка во која пливаше и еден од најдобрите светски пливачи Мајкл Фелпс.

Блажевски претходно на митингот го освои 6.место во трката на 400 метри мешано во А финалето.