Бизнис
12. April 2022 - 16:35

Бизнисот бара поддршка од Владата во време на криза

Компаниите во колапс поради високите сметки за струја. 

Месечните фактури достигнуваат и до 2 милиони евра. Неможејќи да се носат со овие големи суми, некои   одлучуваат и да го прекинат производството. Спасот го гледаат во инвестиции во фотоволтаици за кои бараат полесно да се доаѓа до дозвола.

Предлагаат и до крајот на годинава државата да не ги зголемува даноците и другите давачки, ниту пак да се менуваат закони - како што е случајот со законот за работи односи. 

Поради неизвесноста на оваа криза, сметаат дека помошта од државата во моментов  е неопходна.

Во следниот период ќе и предложат на Владата сет мерки за ублажување на последиците и од енергетската, но и од воената криза.