Бизарна смрт: Актерот Антон прегазен од сопственото возило
Американскиот актер од руско потекло, Антон Јелчин, почина вчера на 27-годишна возраст.
Полицијата прецизираше дека тој бил усмртен од сопствениот автомобил, кој се враќал во рикверц по патеката крај неговиот дом во Лос Анџелес. Актерот бил пренесен во болница, но подоцна им подлегнал на повредите.
Јелчин е најпознат по улогата на навигаторот Чехов во новите филмови од серијалот „Ѕвездени патеки“. Тој кариерата ја започна во независни проекти, филмови и телевизиски програми, пред да добие можност да настапи во криминалистичкиот филм „Алфа Дог" и тинејџерската комедија „Чарли Бартлет".
Aктерот e роден во Русија во 1989 година. Неговите родители Виктор Јелчин и Ирина Корина, кои се занимавале професионално со уметничко лизгање, се преселиле во САД само неколку месеци по раѓањето на Антон.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник