-->
-->
Бизарен ритуал на православни свештеници во кој учестува и полицијата
-->

Шокантна снимка на истерување на ѓавол од една девојка пред 300 илјади православни верници кои дошле на годишната прослава посветена на Света Петка пред црква во Јаши во Романија каде што се наоѓаат моштите на оваа светици, ја остави светската јавност без текст.
На снимката се гледа девојка во црнина со марама на глава која е вознемирена, се губи, почнува да вреска, а Брзата помош повикала полицајци да ја изнесат од масата и да ја однесат со амбулантната кола.
Кога ја извлекле од толпата, им пришла старица која сметала дека на девојката и е потребна духовна помош.
Старицата, со помош на полицијата ја одвеле девојката, која сето време врескала и давала отпор. Кога дошле до сандакот во кој биле моштите на Света Петка, бабата ја притиснала главата на девојката на ковчегот, а се придружил и свештеникот. Тој ги замолил полицајците да ја придржат девојката додека од неа го истеруваат ѓаволот.
На крајот девојата паднала во бесознание, а Брзата помош ја одвела во болница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна