Македонија
24. јуни 2016 - 12:42

Битолчанката Весна Мундишевска-Велјановска донитник на наградата „Празник на липите“

Македонската поетеса, битолчанката Весна Мундишевска-Велјановска припадник на помладата генерација поети, членови на Друштвото на писателите на Македонија е годинашен добитник на наградата „Празник на липите – 2016“ за најдобра песна.

Наградата „Празник на липите“ на Мундишевска-Велјановска и е доделена за песната „Свет на бајки“, а наградата ѝ ја врачи селекторот Борче Панов.

- Мојот свет на бајки е исполнет со уште едно за мене високо признание. Манифестацијата „Празник на липите“ од секогаш сум ја очекувала и доживувала со посебни чувства, а годинава ете и со награда, истакна битолската поетеса Мундишевска-Велјановска.

Весна Мундишевска - Велјановска е автор на девет книги поезија и на пет стручни книги. Таа учествувала на бројни културни манифестации, а нејзини поетски гласноговорипреведени се и објавени на повеќе странски јазици.

Поетесата Весна Мундишевска-Велјановска е секретар на Битолскиот книжевен круг, а од неодамна е и главен и одговорен уредник на списанието за култура, литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ кое излегува во рамките на Македонското научно друштво од Битола.