Македонија
29. March 2024 - 11:55

Битолчанка пронашла граната додека копала нива

Вчера во 08.47 часот во СВР Битола, В.К. пријавила дека при извршување работи на нива во с.Драгожани, битолско, била пронајдена стара граната.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за  артилериска граната од Првата светска војна  со калибар 75мм.