Македонија
9. August 2018 - 10:27

Битолчанец повреден додека гасел пожар во својот дом

Вчера околу 19.35 часот во куќата сопственост на С.С. (58) на ул.„Лавчански пат“ во Битола, кој живеел сам, избувнал пожар.

Пожарот настанал во една од собите и во тој момент С.С. бил во куќата.

Од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат.

Во обид да го гаси пожарот, С.С. се здобил со повреди по што бил пренесен во Клиничката болница Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.