Македонија
17. August 2020 - 18:20

Битолчанец нападнал навивач и полициски службеник

На 16.08.2020 година околу 21.00 часот во ОВР Струга бил приведен Ѓ.Д.(21) од Битола, поради спречување и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. Тој, пред почеток на спортски натпревар на „Женска плажа“ во Струга, движејќи се со поголема група навивачи од Битола физички нападнал навивач од Струга, а потоа и полициски службеник кој презел службени мерки за спречување на нападот. Против него поднесена соодветна пријава.