-->
-->
Битолчанец изгубил контрола и излетал од патот, загинал на местото на несреќата
-->
Возач од битолското село Средно Егри вчера починал на местото на несреќата откако управувајќи патничко возило изгубил контрола и излетал од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
-На 31.05.2024 во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на земјен пат во атар на село Кременица, битолско, Ж.Р.(63) од село Средно Егри, битолско, управувајќи патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, стои во соопштението од МВР.
Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
-
Преглед на вестите од светот