Битола во црно: Двајца загинати во две сообраќајни несреќи
Две сообраќајни несреќи се случиле во текот на ноќта во општина Битола при што загинале две лица.
Првата сообраќајќа, како што соопшти СВР Битола, се случила во 3 часот по полноќ на локалниот пат Битола – Могила, кај мостот на реката Шемница. Во сообраќајката учествувале две патнички возила „хјундаи пони“ и „ауди“, а животот го загубил 32-годишниот Пеце К. од Битола.
- Втората сообраќајна несреќа се случи утрово на влезот од битолското село Лопатица каде возачот на патничкото возило „голф 3“ 23-годишниот Валентин С. од Демир Хисар од непознати причини излетал од патот и го загубил животот, изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.
СВР Битола поведе истрага за утврдување на причините на двете сообраќајни несреќи што се случија во општина Битола.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред