Loading Video...
Свет
13. May 2021 - 12:26

Битката помеѓу Хамас и израелските воени сили продолжува

Битката меѓу Хамас и израелските воени сили продолжува, а жестоки бомбардирања беа регистрирани и изминатата ноќ. Хамас лансираше серија ракети кон Тел Авив поради што се огласија сирените а илјадници Израелци се упатија кон засолништата. Како одговор на тоа Израел ги интензивираше воздушните напади врз појасот Газа при што една 14 катна зграда е целосно уиштена. 

Досега во нападите врз Израел од Појасот Газа загинаа 6 лица, додека пак во палестискиот дел загинаа 53 лица.

Сепак, Израелците најавија и копнена офанзива врз територијата од која беа истрелани најголем дел од рактетите на Хамас. 

Утрово голем конвој од војската на Израел пристигна на границата со Газа и се очекува во текот на денот да добие одобрение за упад во таа област.

Израелскит премиер Бењамин Нетањаху ја отфрлил понудата да се прекинат непријателствата на заедничка основа.

Планот за упад на војската во Газа доаѓа во време на најжестоките израелско-палестински судири по тие од 2014 година.

Поддршка за ова Израелците добија и од претседателот на САД, Џо Бајден кој по разговорите со изрелскиот премиер Бењамин Нетањаху рече дека неговото очекување и надеж е дека конфликтите ќе се завршат што е можно побрзо.

- Израел има право да се брани кога илјадници ракети паѓаат на негова територија, рече Бајден.