Битиќи во Вашингтон на средби со директори на ММФ, Светска банка и високи претставници на Департментот за финансии
Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, престојува во Вашингтон каде денеска и утре ќе оствари низа средби.
Како што е најавено од владината прес-служба, вицепремиерот Битиќи денеска ќе оствари средба со извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Пол Гилберс, а потоа во текот на денот ќе се сретне и со извршниот директор на Светска Банка, Кун Дејвидсе.
Во Департментот за финансии на САД, вицепремиерот Битиќи ќе оствари средба и со Брајан Мекколи, заменик помошник секретар за Европа и Евроазија и Ендру Феир, помошник секретар за безбедност на инвестиции во Департментот за финансии.
На денешната агендата на вицепремиерот Битиќи е и средбата со Џафри Пајат, помошник државен секретар за енергетски ресурси во американскиот Стејт департмент.
Во вторник, најавен е состанок на вицепремиерот Битиќи со претставници од ACEBA, Американско – Централноевропската бизнис асоцијација и средбата со Дејвид ДеФалко, заменик помошник секретар за Европа и Евроазија во Департментот за трговија.
Ново на Сител
-
Уапсен 36-годишник од Радовиш, се обидел да изврши тешка кражба
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде апсолутен победник на локалните избори
-
На Санторини без поголем земјотрес во текот на ноќта, Мицотакис изразува умерен оптимизам
-
Во Србија продолжуваат протестите и блокадите на студентите
-
Приведен малолетник во Центар заради поседување марихуана
-
49-годишен германец уапсен на „Табановце“, во возилото имал, дрога, ножеви и солзавци
-
ЦУК: Во изминатото деноноќие имало 12 пожари на отворено
-
Ретеги постигна четири гола на натпреварот против Верона и е лидер помеѓу стрелците во Серија А